24фудбал

Тухел плаче за првиот гол на Баер Леверкузен: Во Англија ова не може да се случи!

Тренерот на Баерн Минхен, Томас Тухел се пожали откако нивниот играч Јосип Станишиќ синоќа погоди во дресот на Баер Леверкузен и донесе водство од 1-0 во големото дерби, вели дека во Англија има клаузули кои спречуваат ваква ситуација.

Германија

Томас Тухел не сметаше сериозно на Јосип Станишиќ, па во август Хрватот се пресели на позајмица во Баер Леверкузен, а тренерот на Баерн Минхен реши доверба да им укаже на други дефанзивци.

Десниот бек сега е во фокусот на јавноста откако синоќа во дресот на „фармацевтите“ погоди против својот Баерн Минхен и го отвори резултатот во големото дерби, кое на крајот заврши со убедлива победа на домаќините од 3-0.

Резултатот може да биде сериозен удар за шампионските амбиции на „баварците“, кои сега имаат пет бода негатива во однос на Баер Леверкузен, па Томас Тухел негодуваше по крајот на натпреварот.

„Во Англија има едно убаво правило, кога позајмувате играч, тој не може да игра против вас. Според мене, логиката во ова е прилично добра“ – вели тренерот на Баерн.

„Но за жал, во Германија не постои вакво правило“.

Тој потоа упати критики и до своите фудбалери: „Ваков гол не смееме да примиме со петмина во одбрана. Не смее да се случи ова кога играме со петмина во последниот ред“.

„Сите спиеја при голот на Станишиќ, примивме многу евтин гол“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.