24фудбал

Крвта не е вода: Братот на Белингам постигна „голазо“ во Англија (ВИДЕО)

Џуд Белингам игра во страшна форма во дресот на Реал Мадрид, Англичанецот постојано е во фокусот на фудбалската јавност, но и неговиот брат Јоб Белингам покажува завидни квалитети.

Англија

Џуд Белингам минатото лето се пресели во Реал Мадрид во транфсер вреден преку 100 милиони евра, и веднаш се наметна како еден од главните играчи.

Англичанецот вечерва два пати ја тресеше мрежата на Жирона во победата на „кралевите“ од 4-0 и со 14 погодока во Ла Лига, е прв стрелц на Реал Мадрид, и на врвот на листата со стрелци во Шпанија.

И додека пристигнуваат пофали од сите страни и Џуд Белингам постојано е во фокусот на фудбалската јавност, помладиот Џоб Белингам денеска покажа дека и тој поседува завидни квалитети.

18 годишното момче настапува во дресот на Сандерленд, и на мечот против Плимут во втората лига на Англија, тргна сам речиси од половина терен, влезе во шеснаесетникот, убаво си направи простор и прекрасно пласираше во аголот за славје на домаќините.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.