24фудбал

Детенце на креативен начин побара дрес од Миовски, Македонецот му ја исполни желбата (ФОТО)

Бојан Миовски е најдобриот играч на Абердин, македонскиот напаѓач брзо ги освои сите фанови на шкотскиот клуб.

Македонија

Денеска Миовски даде два гола за победа на Абердин од 2-0 и пласман во следното коло од шкотскиот куп.

Едно детенце на стадионот дојде со посебна парола на која пишуваше дека Македонецот е најдобар во светот, негов омилен играч и дали може да го добие неговиот дрес.

Откако заврши мечот, Миовски отиде кај детенцето и му ја исполни желбата давајќи му го дресот.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.