24фудбал

Леверкузен маршира кон титулата, тимот на Алонсо го понижи Баерн Минхен! (ВИДЕО)

Баер Леверкузен под водство на Чаби Алонсо уште не знае за пораз оваа сезона, денеска го средија и големиот Баерн Минхен победувајќи го со 3-0.

Германија

Во дуелот меѓу двата најдобри тима во Бундеслигата оваа сезона, Баер Леверузек убедливо го совлада Баерн Минхен.

Станишиќ во 18. минута ја најави победата, донесе водство за Леверкузен од 1-0.

По пет минути игра во вториот дел Грималдо зголеми на 2-0.

Во 95. минута кога пред голот на Леверкузен отиде и Мануел Нојер, Фримпонг погоди во празната мрежа на Баерн и ги постави конечните 3-0.

Леверкузен оваа сезона има 31 меч во сите натпреварувања, од нив 27 се победи и четири нерешени. Тимот на Алонсо уште не знае за пораз. Имаат 93 дадени голови и 22 примени.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.