24фудбал

Реал Мадрид убедливо ја победи Жирона и покажа кој е кој во Шпанија (ВИДЕО)

Реал Мадрид со 4-0 ја совлада Жирона во дуелот меѓу двете најдобри екипи во досегашниот дел од сезоната, кралскиот клуб се одлепи на врвот.

Шпанија

Победата ја најави Винисиус Жуниор уште во шестата минута од мечот кога погоди за водство од 1-0.

Во 35. минута гол даде и Џуд Белингем за предност од 2-0. Со овој резултат се замина на одморот.

По девет минути игра во вториот дел Белингем даде уште еден гол, Реал Мадрид поведе со 3-0 и тука беа решени сите дилеми околу победникот.

Во 61. минута Родриго погоди и ги постави конечните 4-0.

Малку фалеше да пукне и петарда на Сантијаго Бернабеу, но Хозелу промаши пенал во 90. минута.

Реал Мадрид сега е прв на табелата во Ла Лига со пет бода повеќе од Жирона.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.