24фудбал

Лесен триумф на Ливерпул, Тотнем дојде до трите бода во 96. минута! (ВИДЕО)

Ливерпул со 3-1 го совлада Барнли и запиша три нови бода во Премиерлигата, Тотнем со 2-1 славеше над Брајтон со гол на Џонсон во 96. минута од натпреварот.

Англија

Ливерпул ја оправда улогата на фаворит и дојде до победа над Барнли на Енфилд.

Диого Жота во 31. минута му донесе водство на Ливерпул, но пред крајот на првиот дел Ошеј изедначи на 1-1.

По седум минути игра во вториот дел Луис Диаз ја врати предноста на црвените, а во 79. минута Нуњез ги постави конечните 3-1.

Брајтон имаше водство од 1-0 по првото полувреме кај Тотнем благодарение на гол на Грос од пенал во 16. минута од мечот, но во вториот дел работите се променија.

Најпрво Сар во 61. минута изедначи на 1-1, а во 96. минута Џонсон погоди за комплетен пресврт и победа на Тотнем од 2-1.

Брентофрд со 2-0 славеше на гостувањето кај Вулвс, а гостинскиот триумф забележа и Шефилд јунајтед кај Лутон со 3-1.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.