24фудбал

Два гола на Халанд за победа на Манчестер Сити против Евертон (ВИДЕО)

Манчестер Сити со 2-0 го доби дуелот со Евертон благодарение на два погодоци на Ерлинг Халанд во завршниот дел од натпреварот.

Англија

Евертон одлично се бранеше, а Манчестер Сити многу долго време се мачеше да упати удар во рамките од голот на Пикфорд.

Тоа првпат се случи во 71. минута кога Халанд постигна гол за водство на Сити од 1-0.

Во 85. минута Халанд даде уште еден гол и ја завери победата од 2-0.

Со овие три бода Манчестер Сити се качи на првото место во Премиерлигата.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.