24фудбал

Чудна клаузула во договорот на Арнаутовиќ, мечот против Рома може Интер да го чини 8 милиони евра

Медиумите од Италија откриваат детали од договорот помеѓу Болоња и Интер за трансферот на Марко Арнаутовиќ, „нероаѕурите“ ќе бидат обврзани во целост да го купат напаѓачот со бод освоен против Рома.

Италија

Минатоот лето, Марко Арнаутовиќ се врати на „Џузепе Меаца“ за да му даде опција плус на Симоне Инзаги во нападот.

Репрезентативецот на Австрија пристигна во Интер на позајмица, со обврска во целост да биде купен.

Како што пишува „Калчо е финанца“, условот за активирање на оваа клаузула е прилично чуден, Интер ќе мора да одвои 8 милиони евра кога ќе освои еден бод по 5. февруари 2024 година.

Па ако овој викенд Интер остане непоразен на гостувањето кај Рома, Марко Арнаутовиќ ќе направи перманентен трансфер.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.