24фудбал

Лапорта мерка поранешен реаловец за нов тренер на Барса, на листата со желби има 10 имиња

Според пишувањата на Мундо Депортиво, Барселона има листа со 10 имиња кои се потенцијални наследници на Чави на тренерското столче.

Шпанија

„Каталонците“ се во потрага на нов тренер откако Чави минатиот месец соопшти дека се повлекува од кормилото по крајот на сезоната.

Спортскиот директор Деко пред неколку дена изјави дека се уште не остварил контакт со ниту еден кандидат за тренерското столче, тој објасни дека во моментов немаат претстава со каков трансфер буџет ќе располагаат, па не знае што може да му вети на наследникот на Чави.

Но Барселона интерно прави консултации и според пишувањата на Мундо Депортиво, на листата со желби има 10 имиња.

Помеѓу кандидатите има и еден поранешен реаловец во името на Чаби Алонсо, кој е хит со одличната работа на клупата на Баер Леверкузен, и веќе се поврзува со Ливерпул, Баерн Минхен па и Реал Мадрид.

На список се Микел Артета од Арсенал, Луис Енрике од ПСЖ, Роберто де Зерби од Брајтон, Ханси ФликУнаи Емери од Астон Вила, Серхио Консеисао од Порто, Иманол од Реал Сосиедад и Мичел од Жирона.

Една од желбите е и Јирген Клоп, кого Мундо Депортиво го опушува како „специјален случај“, Германецот најави дека ќе одмори една година по исцрпната и тензична авантура во Ливерпул.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.