24фудбал

Јирген Клоп уште летоска ќе му се врати на фудбалот но само доколку добие понуда од еден клуб

Јирген Клоп најави дека ќе одмори една година по крајот на авантурата во Ливерпул, но се говори дека Германецот уште летоска може да му се врати на фудбалот доколку добие понуда од Барселона.

Англија

Јирген Клоп минатиот месец соопшти дека ќе се повлече од клупата на Ливерпул по крајот на сезоната, Германецот рече дека повеќе нема енергија и сака да одмори една година.

Но последните информации велат дека стратегот летоска би можел да прифати нов предизвик, и ќе му се врати на фудбалот само доколку добие понуда од Барселона.

Новинарот Жерард Ромеро вели дека на Јирген Клоп ќе му биде тешко да им каже НЕ на „каталонците“, со кого веќе еднаш преговарал во минатото.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.