24фудбал

Нил Ворнок: Не сум видел напаѓач како Миовски во Премиерлигата, а не па во Шкотска

Тренерот на Абердин, Нил Ворнок е импресиониран од Бојан Миовски, вели дека ретки се напаѓачите како Македонецот.

Македонија

Нил Ворнок синоќа дебитираше на клупата на Абердин против Ренџерс, натпревар на кој Бојан Миовски постигна нов гол, негов 20-ти оваа сезона.

„Вчера му кажав, „Не сум видел напаѓач како тебе во Премиерлигата, а не па во Шкотска“. Мислам дека ќе постигне 30 погодоци оваа сезона“ – рече Нил Ворнок на средбата со новинарите.

„Му кажав, „Мило ми е што преодниот рок е завршен, па ќе те имам на располагање“. Тој е супер“.

„Се работи за навистина добро момче со одличен пристап. Ретко се наоѓа напаѓач кој се утепува од работа, но тој токму тоа го прави“.

„Знае да игра повлечено и тоа ни дава опција да ставиме во игра уште еден напаѓач“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.