24фудбал

„Некој треба да им ги објасни правилата на играчите на Сити“ – зошто голот на Мопе не беше поништен (ВИДЕО)

Нил Мопе го донесе Брентфорд во водство против Манчестер Сити, гостинските фудбалери бараа офсајд, но погодокот не беше поништен поради едно правило.

Англија

„Граѓаните“ со 1-3 триумфираа против Брентфорд, но избраниците на Пеп Гвардиола мораа да се враќаат од гол негатива.

Домаќините поведоа во 21. минута под контроверзни околности, Тони и Мопе беа зад одбраната на Манчестер Сити кога голманот Флекен ја уфрли топката во игра, гостинските играчи бараа офсајд, но судијата не се огласи.

„Мислам дека некој треба да им ги објасни правилата на дел од играчите на Сити“ – рече коментаторот на Скај Спортс.

Имено, кога голманот изведува гол аут, нема офсајд, па тоа што Тони стоеше зад последната линија на Сити и влезе во дуел со Аке, е сосема регуларна позиција. Проблем ќе настанеше доколку Тони играше со топката, во тој случај Мопе ќе беше во офсајд, но Англичанецот итро ја пропушти топката и ја исфрли целата одбрана на Манчестер Сити.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.