24фудбал

Еден од најдобрите играчи на Наполи избришан од ЛШ како казна зошто беспари се сели во Интер

Наполи на двомечот против Барселона во осминафиналето во Лигата на шампиони ќе игра без Пјотр Зелински, фудбалерот од средниот ред беше избришан од листата како казна зошто беспари се сели во Интер.

Италија

Пјотр Зелински минатата сезона беше недопирлив во средниот ред на Наполи и еден од клучните играчи во историската сезона во која беше освоено Скудетото.

Но Полјакот сега е во немилост на Аурелио Де Лаурентис, и беше избришан од списокот доставен до УЕФА за продолжението од сезоната во Лигата на шампиони.

Пјотор Зелински минатото лето одби трансфер во Саудиска Арабија, не стави ниту потпис на нов договор, и летоска беспари ќе се пресели во Интер, се верува дека веќе си има подадено рака со „нероаѕурите“.

Првиот човек на Наполи смета дека е предаден, па како казна, Пјотр Зелински нема да игра против Барселона во осминафиналето во Лигата на шампионите.

Се шпекулира дека Пјотр Зелински би можел да биде „замрзнат“ и во Серија А, односно да не одигра ниту една минута до крајот на сезоната.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.