24фудбал

Лапорта потврди дека Чави се откажал од милиони и порача: Да беше некој друг, одамна ќе му удревме клоца!

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта потврди дека Чави ќе прости околу 8 милиони евра, односно платата за сезоната 2024/25, и порача дека има голема почит кон стратегот па затоа во ниту еден момент не помислил за отказ.

Шпанија

Чави минатата недела изненади и соопшти дека заминува од клупата на Барселона по крајот на сезоната.

„Ме информираше за ова кога се симнав во соблекувалната по натпреварот против Виљареал. Бев изненаден, не го очекував ова“ – вели претседателот на Барселона, Жоан Лапорта.

„Го слушав внимателно зошто се работи за искрена линост, со дигнитет и ја обожава Барса... ми стана јасно дека добро размислил за ова, дека е под голем притисот. Сметаше дека тоа што го предложи има логика и дека се работи за добра формула, си поднесе оставка и предложи да остане до крајот на сезоната“.

„Се откажа од платата од последната година од договорот“.

„Се обидов да го убедам да остане, му кажав дека заедно ќе ги пребродиме сите пречки, ќе се бориме... но тој веќе имаше решено, беше убеден дека ова е најдоброто за клубот и играчите“.

„Ја прифатив оваа формула само бидејќи тој е толку многу искрен и ја обожава Барса“.

„Во ниту еден момент не сум помислил за отказ на Чави, но доколку се работеше за друг, одамна ќе му удревме клоца!“


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.