24фудбал

Барса поради Кулушевски остана без планирано засилување, талентираниот Бергвал ги извиси „каталонците“

Неколку извори пренесуваат дека талентираниот Лукас Бергвал решил да ја одбие Барселона и да се пресели во редовите на Тотнем, заслуга за ова има и Дејан Кулушевски, кој потекнува од Македонија, но реши да игра за Шведска.

Англија

Лукас Бергвал во средата летна во Барселона, имаше средба со спортскиот директор Деко, се запозна и со тренинг центрите на „каталонците“ и се чинеше дека прашање на време е само кога ќе пристигне потврда за негов трансфер.

Но талентираниот фудбалер од Шведска ја извиси Барселона и реши кариерата да ја продолжи во редовите на Тотнем.

Заслуга за ова има и Дејан Кулушевски, кој потекнува од Македонија, но реши да игра за Шведска.

Напаѓачот денеска го пречекал Лукас Бергвал во Лондон, разговарал со младото момче, му раскажал се за Тотнем и како е да се работи под водство на Анге Постеколу.

Па Лукас Бергвал вечерва ја известил Барселона дека кажал ДА на „спарси“. Се очекува во петок да ги помине редовите лекарски прегледи и да стави потпис на договорот. Тотнем за неговите услуги ќе платат 10+ милиони евра.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.