24фудбал

Денеска ќе се одржи ждрепка за нокаут фазата во европските купови!

Клубовите кои се изборија за европска пролет, денеска ќе ги дознаат своите противници за почетокот на елиминационата фаза, ќе биде извршена ждрепката во Лигата на шампионите, Лига Европа и Конференциската лига.

Лига на Шампиони

Денот ќе почне со ждрепката за осминафиналето од Лигата на шампионите која ќе се одржи во 12 часот.

Во групата на носители се: Арсенал, Атлетико Мадрид, Барселона, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Манчестер Сити, Реал Мадрид и Реал Сосиедад.

Од вториот шешир ќе бидат извлечени: Копенхаген, Интер, Лацио, Лајпциг, Наполи, ПСЖ, Порто и ПСВ Ајндховен.

Еден час подоцна ќе се одржи ждрепката за нокаут фазата од Лига Европа. 

Првопласираните од групната фаза во Лига Европа обезбедија директен пласман во осминафиналето, па денешната ждрепката ќе биде за второпласираните екипи и оние кои го освоија третото место во Лигата на шампионите.

Второпласирани во Лига Европа завршија: Фрајбург, Марсеј, Карабах, Рен, Рома, Спарта Прага, Спортинг Лисабон и Тулуз.

Од ЛШ во ЛЕ се префрлија: Бенфика, Брага, Феенорд, Галатасарај, Ленс, Милан, Шахтар и Јанг Бојс.

Последна ќе биде ждрепката за Конференциската лига која ќе почне од 14 часот.

И за оваа ждрепката шемата е иста како и при Лига Европа. Во едниот шешир се второпласираните од Конференциската лига, а во другиот третите од Лига Европа. 

Второпласирани во Конференциската лига: Бодо/Глимт, Динамо Загреб, Ференцварош, Ајнтрахт Франкфурт, Гент, Легија, Лудогорец, Слован Братислава.

Од ЛЕ во КЛ се префрлија: Ајакс, Макаби Хаифа, Молде, Олимпијакос, Бетис, Сервет, Штурм, Унион СГ.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.