24фудбал

Тензија помеѓу Мбапе и Луис Енрике, напаѓачот бесен пореди една одлука на тренерот

Медиумите од Франција пишуваат за тензија помеѓу Килијан Мбапе и Луис Енрике, напаѓачот бил бесен поради одлуката на тренерот да го спуштат темпото против Борусија Дортмунд и да играат на сигурно.

Лига на Шампиони

ПСЖ обезбеди пласман во нок-аут фазата во Лигата на шампиони откако синоќа одигра 1-1 на гостувањето кај Борусија Дортмунд, а Милан со 1-2 славеше против Њукасл.

Но мечот на „Сигнал Идуна Парк“ донел тензија помеѓу првата ѕвезва до тимот, Килијан Мбапе и тренерот Луис Енрике.

Како што пренесува РМЦ Спорт, во финишот од натпреварот, стравувајќи од елиминација (доколку Борусија Дортмунд победеше, ПСЖ ќе завршеше во Лига Европа), Луис Енрике им наредил на фудбалерите да го спуштат темпото и да играат на сигурно.

Ова не му се допаднало на Килијан Мбапе, кој сакал победа по секоја цена и првото место во групата, со цел да избегне тежок противник во осминафиналето.

РМЦ Спорт вели дека видливо било незадоволството на Килијан Мбапе, кој постојано мафтал со рацете и ги прекорувал соиграчите. Во еден момент, напаѓачот му дофрлил и неколку зборови на тренерот Луис Енрике и го погледнал со разочарување.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.