24фудбал

Спалети стана почесен граѓанин на Неапол

Лучано Спалети денеска стана почесен граѓанин на Неапол благодарение на тоа што му го донесе Скудетото на Наполи минатата сезона.

Италија

Под водство на Спалети, Наполи ја освои шампионската титула во Серија А со клупски рекорд од 90 освоени бодови. Имаа дури 16 повеќе од вториот Лацио.

Тоа беше прво Скудетото за Наполитанците по повеќе од 30 години, кога беше ерата на Диего Марадона.

Поради големиот успех со кој му донесе огромна радост на градот, Спалети денеска на свечена церемонија стана почесен жител на Неапол.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.