24фудбал

Лаутаро: Уште утре би потпишал нов договор со Интер!

Лаутаро Мартинез ги расчисти сите дилеми околу неговата иднина, вели дека е среќен во Интер и сака да потпише нов договор.

Италија

Актуелниот договор на аргентинскиот фудбалер со Интер трае до јуни 2026 година, а наскоро двете страни треба да потпишат нов.

Интер нема да има проблеми да ја продолжи соработката со својот најдобар фудбалер, Лаутаро сака да остане и не размислува на заминување.

„Уште утре би потпишал нов договор. Среќен сум тука во Интер, се чувствувам одлично и навистина сакам да ставам потпис на нов долгогодишен договор. Многу сме блиску до такво нешто“, вели Лаутаро.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.