24фудбал

Почнува да се тресе столчето на Покетино!

Челси никако да ја стабилизира формата, поминаа 15 кола, а сините постојано играат топло-ладно, резултатите се далеку послаби отколку инвестициите направени во тимот, па веќе почнува да се шпекулира со евентуален отказ на Маурисио Покетино.

Англија

По 15 одиграни натпревари во Премиерлигата, Челси се наоѓа на 10. позиција на табелата, место од кое никој не е задоволен особено што тимот не настапува ниту во Европа.

Се чинеше дека тоа што Челси е фокусиран само на домашните задачи, ќе биде предност во однос на другите ривали, но сите тие се пред нив.

Вчерашниот пораз од Манчестер јунајтед ги подгреа шпекулациите дека клубот наскоро може да му даде отказ на Покетино.

Низ англиските медиуми тој веќе е фаворит за следен тренер од Премиерлигата кој би можел да добие отказ.

Од одиграните 15 натпревари во лигата, Челси има само пет победи, дури шест порази и четири нерешени резултати. Премалку за тим кој потроши толку многу.

Следниот натпревар на Челси е на гостински терен кај Евертон, многу работи може да зависат од резултатот на тој меч.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.