24фудбал

Реакцијата на Де Хеа по вестите за шокантен трансфер во Њукасл

По гласините дека Њукасл размислува за шокантен трансфер и ангажман на Давид де Хеа, ЕСПН објави дека голманот е отворен за преселба на Сент Џејмс Парк.

Англија

Давид Де Хеа е без клуб откако Манчестер јунајтед реши да се предомисли во последен миг, и наместо потпис на веќе договорената нова соработка, да го извести Шпанецот дека треба да си бара нова средина.

Изминатиов период, неговото име често беше дел од трансфер шпекулациите, голманот се поврзуваше со неколку клубови од Европа, САД и Саудиска Арабија.

Последните информации говорат за шокантен трансфер во Њукасл, популарните „страчки“ размислуваат за ангажман на Давид де Хеа по повредата на Ник Поуп, за кој се стравува дека ќе паузира и до пет месеци.

Како што пренесува ЕСПН, Давид де Хеа е отворен да слушне каков предлог Њукасл е подготвен да стави на маса.

Извори за ЕСПН брифираат дека Шпанецот тренира регуларно и е подготвен да прифати понуда доколку чувствува дека тоа е правиот потег.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.