24фудбал

Њукасл ја прекина серијата победи на Манчестер јунајтед во Премиерлигата! (ВИДЕО)

Со гол на Гордон во второто полувреме Њукасл со 1-0 го победи Манчестер јунајтед во дерби натпреварот од Премиерлигата.

Англија

Њукасл беше подобар тим во најголемиот дел од натпреварот и сосема заслужено дојде до трите бода.

Клучниот момент се случи во 56. минута кога по асистенција од Трипие, Гордон даде гол за водство на Њукасл од 1-0, што беше и конечен резултат.

Во самиот финиш од мечот, Мегваер постигна гол за Манчестер јунајтед, но погодокот беше поништен поради офсајд.

Со оваа победа Њукасл го помина Манчестер јунајтед на табелата и се израмни со Тотнем.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.