24фудбал

Манчестер јунајтед планира четири трансфери во јануари, ова се позициите кои Тен Хаг ќе ги засилува

Манчестер јунајтед планира да ангажира четири фудбалери во зимскиот преоден рок, Ерик тен Хаг сака нов централен дефанзивец, дефанзивец од средниот ред, плејмејкер и напаѓач.

Англија

„Ѓаволите“ не ја почнаа сезоната онака како што сакаа, па се кројат планови за засилувања во јануари.

Гардијан објави дека идејата е да се ангажираат четири фудбалери, односно да се засилат четири позиции во тимот.

Ерик тен Хаг сака нов централен дефанзивец, нов дефанзивец од средниот ред, нов плејмејкер и нов напаѓач.

Нема да биде лесно да се комплетираат сите овие трансфери и многу ќе зависи од зделката со која Сер Џим Ратклиф ќе купи 25% од акциите на Манчестер јунајтед. Исто така, за да се запазат правилата за ФФП, одредени играчи ќе мора да заминат од Олд Трафорд.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.