24фудбал

Легендата на Ренџерс: Погрешив со проценката на Миовски, нема многу голгетери како него

Поранешниот капитен на „сините“ од Глазгов, Бери Фергусон вели дека погрешил со проценката на Бојан Миовски, порача дека нема многу голгетри како Македонецот, кој без проблеми може да игра во Ренџерс или Селтик.

Македонија

Бојан Миовски продолжува со одличните партии во дресот на Абердин, Македонецот изминатиов викенд ја затресе мрежата на Ренџерс и стигна до бројката од 11 погодоци оваа сезона.

Напаѓачот е на радарот на неколку клубови, а поранешниот капитен на Глазгов, Бери Фергусон вели дека Бојан Миовски без проблем може да игра за двата најголеми клубови во Шкотска.

„Продолжува да ги освојува моите симпатии, навистина ми се допаѓа“ - вели Бери Фергусон. „Има одлични движења и брилијантна завршница“.

„Претходно не бев толку убеден, но погрешив со проценката, сега слободно можам да кажам дека нема многу голгетери како него“.

„Покажа дека има доволно квалитет да игра во Ренџерс или Селтик, постигна 11 голови во дресот на Абердин, кој прилично се мачи оваа сезона“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.