24фудбал

Карвахал го крена гласот за густиот распоред, но даде и интересен предлог!

Фудбалерот на Реал Мадрид, Дани Карвахал го критикува густиот распоред, но вели дека не е проблем да се согласат да заработуваат помалку со цел да се намали бројот на натпревари.

Шпанија

Оваа сезона се чини дека бројот на повредени фудбалери е како никогаш претходно, па се погласни се протестите од фудбалерите кои се жалат на густиот распоред.

Карвахал се пожали на тоа, но тој даде и предлог фудбалерите да си ги намалат платите за да се намалат и бројот на натпреварите.

„Календарот? Многу натпревари. Многу натпреварувања. Се согласувам со тоа дека имаме премногу натпревари и премногу повреди. Многу е комплицирано да сте 100 проценти подготвени ако играте на секои три дена. Сите овие натпревари создаваат повреди“, вели Карвахал.

„Луѓето велат дека ние треба да си ги намалиме нашите плати ако сакаме да играме помалку натпревари. Никогаш не сме рекле дека не би го направиле тоа“.

„Ако треба да заработуваме помалку за да играме помалку натпревари, тоа не би било проблем. Не ги гледате фудбалерите во нивна најдобра форма и натпреварите се паднати во квалитет, тоа е реалноста“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.