24фудбал

Фернандеш објасни зошто му оставил на Рашфорд да го шутира пеналот

Капитенот на Манчестер јунајтед, Бруно Фернандеш објасни зошто му оставил на Маркус Рашфорд да го шутира пеналот во победата на „ѓаволите“ на гостувањето кај Евертон од 0-3.

Англија

Маркус Рашфорд минатата сезона постигна 30 погодока, но оваа се мачи со формата и до вчера имаше само еден гол зад своето име.

Напаѓачот синоќа ја затресе мрежата на Евертон откако Бруно Фернандеш му остави да го шутне пеналот кој Манчестер јунајтед го доби со помош на ВАР.

По крајот на натперварот, капитенот на „ѓаволите“ објасни зошто му ја дал топката на Рашфорд.

„Чувствував дека на Маркус му е потребна малку самодоверба, дека му се потребни голови. Исто така, Маркус е одличен изведувач на пенали. Бев 100% сигурен дека ќе погоди од белата точка. Не е важно кој го изведува пеналот, важно е да се даде гол и Маркус перфектно шутираше“ - рече Португалецот.

Запрашан каква е самодовербата на напаѓачот, Бруно Фернандеш вели: „Очигледно е дека напаѓачите сакаат да постигнуваат голови, и потребно им е да постигнуваат голови, тоа е дел од нивната задача и им дава дополнителен поттик“.

„По пеналот, Маркус беше незапирлив. Мислам дека понекогаш ви е потребна оваа шанса, да си ја вратите самодовербата“,

„Маркус е одличен, очигледно минатата сезона беше извонреден, па сега сите очекуваат да одигра уште подобро. Треба само да се врати во голгетерска форма и сите повторно ќе велат дека е светска класа“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.