24фудбал

Спектакуларен гол на Гарначо - погодок на сезоната! (ВИДЕО)

Манчестер јунајтед на Гудисон Парк поведе уште во третата минута со неверојатен гол на Гарначо кој потсети на легендарните ножички на Вејн Руни против Манчестер Сити.

Англија

Откако го даде лудиот погодок, Гарначо се израдува како Кристијано Роналдо. Овој негов погодок без конкуренција е гол на сезоната досега, а дали ќе остане така, времето ќе покаже.