24фудбал

Мбапе или Халанд? Реал Мадрид на сметка има 128 милиони, и кредит од 265 милиони евра

Реал Мадрид на располагање има речиси 400 милиони евра, „кралевите“ имаат доволно средства за нов „галактико“ во името на Килијан Мбапе или Ерлинг Халанд.

Шпанија

Финансискиот извештај на Реал Мадрид наговестува пристигнување на ново големо име на „Сантијаго Бернабеу“.

Имено, „кралевите“ на сметка имаат 128 милиони евра, како и неискористена кредитна линија од 265 милиони евра, или речиси 400 милиони евра на располагање.

Исто така намалена е сметката за плати во споредба со 2022, таа во 2023 е помала за 78 милиони евра и изнесува 326 милиони евра.

Останува да се види кој ќе биде новиот „галактико“, дали Килијан Мбапе конечно ќе го облече белиот дрес или пак во Мадрид ќе пристигне Ерлинг Халанд.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.