24фудбал

Нов „случај Меси“ во Барселона: Зарем за 200.000 евра ќе си отиде најдобриот играч?

Медиумите од Шпанија пренесуваат за нов „случај Меси“ во Барселона, но овој пат во женскиот фудбалски клуб, запнале преговорите за продолжување на договорот на Алеша Путељас.

Шпанија

Пандемијата на коронавирусот направи огромна дупка во буџетот на Барселона, „каталонците“ се соочија со финансиска криза, па во 2021 остана без најдобриот во своите редови, Лео Меси беше принуден да замине поради тоа што не можеше да му биде продолжен договорот.

Медиумите од Шпанија сега пишуваат за нов „случај Меси“ на Камп Ноу, овој пат во женскиот фудбалски клуб.

Договорот на Алеша Путељас истекува во јуни 2024, и во моментов, преговорите за продолжување на соработката тапкаат во место.

Алеша Путељас, која два пати ја освојуваше „Златната топка“, е една од најдобрите во тимот, но Жоан Лапорта и неговите соработници внимаваат на секое евро.

Новинарот Ману Карењо за преговорите помеѓу двете страни рече: „Сумата е смешна, разликата е 200.000 евра, што е ова за клуб со буџет од 800 милиони“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.