24фудбал

Неверојатно: ПСЖ го купил Нејмар за рекордни 222 милиони, а тој да ти бил повреден!

Весникот Л'Екип објави дека докторите на ПСЖ утврдил стрес фрактура на петтата метатарзална коска на стапалото на Нејмар при редовните лекарски прегледи, но и покрај тоа „светците“ продолжиле со реализација на трансферот и го купиле напаѓачот за рекордни 222 милиони евра.

Франција

Летото во 2017 година, ПСЖ крена голема прашина на трансфер пазарот откако ја активираше откупната клаузула на Нејмар и за рекордни 222 милиони евра го купи Бразилецот од Барселона.

Сепак, авантурата на напаѓачот во Париз не одеше според планот, тој често беше повреден и надвор од терените помина 741 ден, или нешто повеќе од две години.

Весникот Л'Екип сега објави дека Нејмар повреден се преселил на „Паркот на принцовите“. На редовните лекарски прегледи, докторскиот тим на ПСЖ утврдил стрес фрактура на петтата метатарзална коска на стапалото.

И покрај ваквите резултати, „светците“ не се предомислиле и решиле да ја детонираат трансфер бомбата.

Потоа бил направен нов пропуст, докторите советувале Нејмар веднаш да оди под нож, но раководството на клубот ги одбиле, им било срам да кажат дека потрошиле толку многу пари на играч кој треба да биде опериран.

Кзната стигнала неколку месеци подоцна, Нејмар во февруари 2018 година заработи повреда на петтата метатарзална коска на стапалото, и тука почнаа сите проблеми за Бразилецот во Париз.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.