24фудбал

Клубови од Англија и Шпанија го сакаат Елмас!

Елиф Елмас би можел да го напушти Наполи во јануари или по крајот на оваа сезона и да направи трансфер во друг голем клуб, интерес за македонскиот фудбалер - има.

Италија

Трансфер експертот Екрен Конур тврди дека клубови од Премиерлигата и Ла Лига ја следат ситуацијата на Елиф Елмас.

Елмас немаше значајна минутажа кај Руди Гарсија, но тој е минато. Следува работа со Валтер Мацари, а доколку не се промени ситуацијата на македонскиот фудбалер и со новиот тренер, тој ќе почне да ги разгледува опциите за заминување.

Актуелниот договор на Елмас со Наполи трае до 30 јуни 2025 година. Од клубот сакаат да ја продолжат соработката, но тој нема да го стори тоа доколку не биде многу почесто во стартниот состав отколку што е.