24фудбал

Ја однесе репрезентацијата на Европско првенство, па си даде оставка!

Селекторот на чешката репрезентација, Јарослав Шилхави си поднесе оставка од функцијата иако ја исполни целта, ја однесе Чешка на Европското првенство.

Останато

Со вчерашната победа над Молдавија од 3-0, Чешка го завери пласманот на Европското првенство во Германија, а потоа следуваше шок.

„Иако сите сме среќни, сепак пред мечот стручниот штаб и јас решивме дека нема да ја продолжиме соработката. Го известив и претседателот на Фудбалскиот сојуз за мојата одлука. Притисокот беше голем, а тоа влијаеше врз нашата одлука“, кажа Шилхави.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.