Англискиот весник „Мирор“ излезе со интересна насловна страница во која ги искритикува фудбалерите на Англија за ремито против Македонија во Скопје.
Категорија: Македонија 21.11.2023 10:44
Насловната страница на денешното печатено издание на весникот „Мирор“ е посветена на мечот меѓу Македонија и Англија.
„Фала му на бога што не требаше да играме против цела Македонија“, стои на насловната страница на англискиот весник.
Идејниот творец на насловот алудира на додавката Северна пред името на нашата држава, сакајќи да долови поента дека играле само со дел од Македонија и пак не успеале да победат, па сигурно би загубиле ако играле против целата Македонија.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.