24фудбал

Дали Украина требаше да добие пенал во 93. минута против Италија? (ВИДЕО)

Во судиското продолжение од мечот меѓу Украина и Италија се случи контроверзен момент, судијата Манзано не досуди пенал по еден старт на Кристанте врз Мудрик.

Останато

Италија избори пласман на Европското првенство откако одигра 0-0 против Украина, но ќе беше поинаку доколку во 93. минута беше досуден пенал за Украинците.

Судијата сметаше дека Мудрик одглумил и не досуди пенал, не реагираше ниту ВАР. Украинците беа бесни.

„Мислам дека беше пенал, но има судија и ВАР, ние не сме тие кои одлучуваат. Според мене тоа беше пенал. ВАР не го повика судијата да ја види снимката“, рече селекторот на Украина, Ребров по мечот.

Ако Украина победеше, тие ќе одеа на Европско, Италија ќе беше елиминирана.



Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.