24фудбал

Саутгејт: Немаше пенал за Македонија, теренот беше многу тврд

Селекторот на Англија, Герет Саутгејт вели дека немало пенал за Македонија а се пожали и дека терентот бил многу тврд па тие не можеле да направат квалитетно завршно додавање.

Останато

За крај на квалификацискиот циклус, Македонија одигра одлично против Англија и се избори за 1-1 на Арената „Тодор Проески“ во Скопје.

По крајот на натпреварот, Герет Саутгејт се пожали дека немало пенал за стартот на Рико Луис кога го закачи Бојан Миовски во лице, а имаше замерки и за теренот, односно тој бил многу тврд па не можеле да направат квалитетно завршно додавање.

„Целосно ја контролиравме играте, игравме добро но беше тешко, Македонија постојано се бранеше. Теренот беше премногу тврд, играчите имаа потешкотии при приемот и контролата на топката и се мечеа при тоа завршно додавање“ – вели селекторот на Англија.

„Исто така сметам дека немаше пенал, но не би сакал премногу да ги коментирам одлуките на судијата“.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.