Италија одигра 0-0 на гости кај Украина во Леверкузен и се пласираше на ЕВРО 2024 година, но домаќините сметаат дека се оштетени и не им е досуден пенал во 93. минута од мечот.
Категорија: Останато 20.11.2023 23:28
Украина и Италија во меѓусебен дуел решаваа за второто место во групата, мечот во Леверкузен донесе многу борба но малку возбудувања.
„Аѕурите“ имаа неколку шанси, но откако не успеаја да постигнат гол, трепереа до последните секунди.
Голема драма се случи во 93. минута кога Мудрик падна во шеснаесетникот, но судијата сметаше дека нема контакт и елементи за пенал.
Украина протестираше, но не се огласи ниту ВАР, па Италија беше таа која се пласираше на Европското првенство.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.