24фудбал

Гол на Барди, Македонија води по првото полувреме против големата Англија (ВИДЕО)

Македонија со гол на Барди во 41. минута води против Англија по првото полувреме.

Македонија

Во 39. минута од мечот Миовски доби лакт во шеснаесетникот од Рико Луис, судијата по прегледување на снимката досуди пенал за нашата репрезентација.

Барди го промаши пеналот, Пикфорд го одбрани неговиот удар, но одбиената топка дојде до нашиот фудбалер кој погоди за предност на Македонија од 1-0.