24фудбал

Барса веќе размислува за засилување, светски шампион ќе го менува повредениот Гави?!

Барселона остана без Гави до крајот на сезоната, младиот фудбалер ги повреди предните вкрстени лигаменти на десното колено, па на Камп Ноу веќе почнуваат да мислат за носење соодветна замена.

Шпанија

„Каталонците“ попладнево добија лоши вести, деталните тестови покажаа дека Гави има сериозна повреда и ќе паузира околу 8 месеци.

Како што пишува Мундо Депортиво, на Камп Ноу веќе почнале да мислат за носење соодветна замена во зимскиот преоден рок.

И едно име перфектно се вклопува во профилот кој се бара, станува збор за Џовани Ло Селсо од Тотнем, кој и изминатово лето беше на листата со желби.

Аргентинецот е по мерак на Чави и тренерскиот персонал, нема минутажа во Северен Лондон, па Барселона смета дека лесно може да го донесе на позајмица во јануари.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.