Џон Оби Микел на Рио Фердинанд му отрки дел од разговорот кој го имал со Еден Азар, поранешниот соиграч од Челси му се доверил и му открил дека ја одбил можноста да заработува по 1 милион евра неделно во Саудиска Арабија.
Категорија: Шпанија 20.11.2023 18:52
Еден Азар минатиот месец стави крај на кариерата на 32 години, по авантурата во Реал Мадрид, напаѓачот реши да се посвети на семејството.
Џон Оби Микел, како гостин во емисијата на Рио Фердинанд, сега раскажа како имал прилика да разговара со Еден Азар и поранешниот соиграч од Челси му открил дека добил примамливи понуди.
Еден Азар можел да заработува и по 1 милион евра неделно во Саудиска Арабија, но парите не го привлекувале, веќе имал заработено многу, па го одбил предлгот.
„Имав неколку понуди од Саудиска Арабија, но имам заработено доволно пари, не ми требаат повеќе. Можев да заработувам 1 милион неделно во Саудиска Арабија, и што ако? Добив две-три понуди од Саудиска Арабија. Но знаеш дека не трошам многу пари, па имам спечалено пари за убав живот и сакам да се посветам на семејството, да ги израснам децата“ – се доверил Еден Азар.
Џон Оби Микел додава: „Еден Азар навистина не троши многу, не е момче кое носи скапи работи, носи еден пар „Најк“ тренерки со години“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.