Во недела, Јувентус ќе го пречека Интер на „Алианц“ Стадионот, а во пресрет на големото дерби, медиумите од Италија пишуваат дека лутите ривали ќе водат битка и на трансфер пазарот.
Категорија: Италија 20.11.2023 16:04
По 12 кола во Серија А, Интер и Јувентус се одвоија на табелата, па „Дербито на Италија“ во недела привлекува огромно внимание.
Во пресрет на натпреварот, Газета дело Спорт пишува како во следните месеци двата ривали ќе водат битка и на трансфер пазарот.
Во бележникот на двата клуба се три имиња кои ги одработуваат последните месеци од своите договори и би можеле да пристигнат беспари, или за мали суми во јануари.
Станува збор за Пјотр Зелински од Наполи, Тиаго Џало од Лил и Лојд Кели од Борнмут.
Директорот на Интер, Бепе Марота е во постојан контакт со агентите на овие играчи и се надева дека ќе успее да го надмудри својот колега од таборот на Јувентус, Кристијано Џунтоли.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.