Извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро негира дека Чаби Алонсо има специјална откупна клаузула за Реал Мадрид, но вели дека нема да му прават проблем да замине ако сака.
Категорија: Шпанија 20.11.2023 14:45
Чаби Алонсо е импресивен со Баер Леверкузен оваа сезона кој е на лидерската позиција во Бундеслигата. Често се шпекулира дека би можел да биде новиот тренер на Реал Мадрид, некои дури пишуваа дека тој има специјална откупна клаузула за кралскиот клуб.
Тоа го негира извршниот директор на Баер Леверкузен, Фернандо Каро.
„Не, но не ви треба клаузула. Имаме многу добар однос со Чаби. На крајот на денот нема да форсираме некој да остане доколку не сака да остане“, вели Каро.
„Сакаме тој да биде среќен и добар со нас, да сака самиот да остане, тоа е нашата цел“.
„Немаме ништо на хартија, но некои договори не се на хартија, ние знаеме дека доколку тој треба да си оди во иднина, ќе седнеме и ќе разговараме. Се надевам дека ќе остане и дека е среќен тука“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.