24фудбал

Спалети се предомисли откако преспа, Жоржињо нема да шутира пенали!

Италијанскиот селектор, Лучано Спалети брзо се предомисли кога е во прашање следниот изведувач на пенал, тоа сигурно нема да биде Жоржињо кој утна против Македонија.

Италија

На мечот на Олимпико меѓу Италија и Македонија, Столе Димитриевски му одбрани пенал на Жоржињо. Тоа беше четврти промашен пенал по ред за фудбалерот на Арсенал во италијанската репрезентација.

Веднаш по мечот Спалети рече дека Жоржињо ќе го шутира и следниот пенал, но по една преспиена ноќ се предомисли.

„Имаме други играчи кои можат да изведуваат пенали. Би било погрешно сега да го форсираме Жоржињо повторно да шутира од белата точка. Тоа би било притисок за него, би го ставиле во тешка ситуација ако побараме сега да шутира пенал“, вели Спалети.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.