24фудбал

Барса откри детали од повредата на Гави и ги потврди црните сценарија

Барселона попладнево соопшти дека Гави ги оштетил вкрстените лигаменти на коленото, Шпанецот во следните денови ќе замине под нож.

Шпанија

Лекарските тестови ги потврдија црните сценарија, повредата која Гави ја заработи синоќа е сериозна.

Барселона попладнево соопшто дека младиот фудбалер целосно ги искинал предните вкрстени лигаменти на десното колено, оштетен е и менискусот.

Шпанецот во следните денови ќе замине под нож и се очекува „каталонците“ тогаш да соопштат колку време Гави ќе биде надвор од стројот.

Вообичаено за ваква повреда се потребни околу 8 месеци за опоравување, тоа значи дека сезоната за Гави е завршена, а тој ќе го пропушти и Европското првенство.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.