24фудбал

Реал прави шокантен трансфер во јануари по повредата на Винисиус?!

Реал Мадрид размислува за ангажман на нов напаѓач во зимскиот преоден рок, една од желбите е Тимо Вернер од РБ Лајпциг.

Шпанија

„Кралевите“ изминатово лето решија да не донесат соотвена замена за Карим Бензема, а изборот на Карло Анчелоти за форот сега дополнително се ограничи откако Винисиус Жуниор заработи повреда.

Се очекува Бразилецот да паузира околу три месеци, па се шпекулира дека „кралевите“ во јануари ќе се обидат да ангажираат нов напаѓач.

Едно од имињата на листата со желби е Тимо Вернер од РБ Лајпциг, кој се покажа како големо промашување во Челси, а и сега се мачи да обезбеди првотимски статус во дресот на „биковите“.

Германецот за малку пари ќе биде достапен во зимскиот преоден рок, но останува да се види дали Реал Мадрид е подготвен да ризикува со играч кој изминативе години не гарантираше многу голови.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.