24фудбал

Гави го направил „парче“ коленото, младата ѕвезда на Барса ја чека многу долга пауза

Во исчекување на деталните тестови, медиумите од Шпанија шпекулираат дека Гави ги оштетил вкрстените и страничните лигаменти на десното колено, младата ѕвезда на Барселона долго време ќе биде надвор од терените.

Шпанија

Синоќешната победа на Шпанија над Грузија помина во сенка на повредата на Гави, кој со солзи во очите го напушти теренот.

Денеска ќе бидат направени детални тестови по кои ќе се знае повеќе, но медиумите шпекулираат дека повредата е сериозна и фудбалерот на Барселона долго време ќе биде надвор од терените.

Се стравува дека не само што се оштетени вкрстените лигаменти на десното колено, настрадале и страничните лигаменти.

Доколку ова се покаже точно, сезоната за Гави е завршена, а тој ќе го пропушти и Европското првенство како и Олимписките игри. Прашање е дали ќе се опорави на време за стартот на сезоната 2024/25.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.