Милан го мерка Џонатан Дејвид од Лил, „росонерите“ сакаат да го купат напаѓачот со голем попуст и во прилог им одат неколку работи.
Категорија: Италија 20.11.2023 10:00
Џонатан Дејвид минатата сезона постигна 24 погодока во Лига 1, па изминатово лето Лил постави висока цена од 60 милиони евра за неговите услуги.
Оваа сума беше превисока за Милан, но „росонерите“ продолжија да го следат голгетерот и сега размислуваат да тргнат во нова офанзива.
Како што пишува Газета дело Спорт, Џонтан Дејвид е приоритет на Милан за засилување на нападот, клубот од Сан Сиро ќе има обид да го ангажира Канаѓанецот веќе во јануари.
За една ваква зделка, клучно ќе биде да се обезбеди настап во нок-аут фазата во Лигата на шампиони, што ќе значи повеќе пари во клупската каса. Планот е Џонатан Дејвид од јануари до јуни да учи од Оливие Жиру, и потоа да биде прв напаѓач во сезоната 2024/25.
Милан смета дека може да го купи Џонатан Дејвид со голем попуст, односно за 40-тина милиони евра. Има неколку причини за ова, првата е падот во формата, тој има само 2 гола во Лига 1 до овој момент. Лил исто така е во финасиски проблеми, а и договорот на играчот истекува во јуни 2025 и како одминува времето, позицијата на клубот од Франција ќе ослабнува.
Новинарот Фабрицио Романо исто така брифираше за интересот на Милан за Џонатан Дејвид, објави дека Канаѓанецот е топ трансфер цел на „росонерите“, но порача дека зделката може да се реализира само летото во 2024 година.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.