Денешниот ден од квалификациите за ЕП се заокружи со мечеви кои немаа некое посебно резултатско значење.
Категорија: Шпанија 19.11.2023 22:49
Шпанија со 3-1 славеше над Грузија во меч кој го одбележа тешката повреда на Гави поради која можеби ја заврши сезоната.
Ле Норманд донесе водство за Шпанија уште во четвртата минута, а само шест минути подоцна Кварацхелија го изедначи резултатот. Во вториот дел Феран Торес го врати водството за Шпанците а голот му го посвети на Гави истакнувајќи негов дрес. Потоа следуваше автогол на Локошвили за конечни 3-1.
Португалија со голови на Бруно Фернандеш и Хорта дојде до победа од 2-0 над Исланд. Роналдо беше асистент при вториот погодок.
Босна и Херцеговина забележа уште еден пораз, овојпат загуби на свој терен од Словачка со 2-1.
Најмногу голови имаше во Шкотска каде што оваа репрезентација одигра нерешено против Норвешка, 3-3.
Луксембург со 1-0 славеше на гостувањето кај Лихтенштај и овие квалификации ги заврши со дури 17 освоени бодови, најмногу во нивната историја.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.