Гави го повреди коленото во првото полувреме на мечот меѓу Шпанија и Грузија, а првите тестови не се добри.
Категорија: Шпанија 19.11.2023 22:28
Гави во 25. минута излезе од теренот со солзи во очите откако го повреди коленото на мечот со Грузија.
Информациите од Шпанската фудбалска федерација велат дека првичните тестови кои биле направени веднаш, покажале голема повреда на десното колено.
Во наредните 24 часа ќе бидат направени нови тестови по кои ќе има детални информации за повредата.
Барселона стравува дека се работи за повреда на лигаментите, а тоа може да значи крај на сезоната за Гави.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.