24фудбал

Лукаку даде четири гола за 20 минути! (ВИДЕО)

Напаѓачот на Рома, Ромелу Лукаку има фантастична партија за белгиската репрезентација, за 20 минути во првото полувреме против Азербејџан даде четири голови, Белгија победи со 5-0.

Останато

Ромелу Лукаку имаше 20-минутно шоу на мечот меѓу Белгија и Азербејџан. Од 17. до 37. минута постигна четири голови. 

Белгискиот напаѓач дојде до својот 83. гол во репрезентацијата на Белгија. Има само еден помалку од легендарниот Ференц Пушкаш.


Прашање на време е кога ќе го помине Пушкаш, а потоа само Роналдо ќе остане пред него како европски фудбалер со најмногу голови за репрезентација.