24фудбал

Деклан Рајс: Очекувам непријателска атмосфера од трибините во Скопје!

Фудбалерот на Англија, Деклан Рајс очекува жешка атмосфера на Националната арена во Скопје, но верува дека ќе запишат уште една победа против Македонија.

Англија

Деклан Рајс има пофалби за македонската репрезентација за која вели дека има квалитетни поединци. Фудбалерот на Арсенал утре очекува непријателска атмосфера од трибините.

„И покрај тоа што ги победивме со 7-0, Македонија има добар тим со квалитетни фудбалери. Утревечер мора да бидеме физички и психолошки подготвени. Очекувам да имаме непријателска атмосфера од трибините, но нашата цел е овие квалификации да ги завршиме со триумф. Мечевите кои се пред нас ќе ни бидат подготовка за настапот на Европското првенство во Германија“, изјави Рајс на денешната прес-конференција.


Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.